Хроника

Автомобил BMW излета кај Смилковско Езеро, повредено едно лице

25. март 2019 - 14:40 | МИА

Скопје, 25 март 2019 (МИА) – Автомобил марка BMW попладнево излета од автопатот кај Смилковско Езеро при што со повреди се здобило едно лице.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека во полицијата е пријавено дека попладневно сообраќајна несреќа се случила на скопската обиколница кај Смилковско Езеро.

Според пријавата, возилото излетало, а едно лице е повредено и пренесено во Клиничкиот центар Скопје.

Полицијата врши увид на местото на сообраќајната незгода.

Коментирај