
Се чини дека Fiat кој неодамна стана сопственик на рикнатиот американски Chrysler не планира само да ги искористи американските дистрибутери за пласирање на своите производи на пазарот во САД, туку и за пласирање на американските производи на стариот континент.
Според Серџо Марчионе, извршниот директор на Fiat, компанијата планира симбиоза на Dodge и Alfa. Па така, моделите на Alfa од другата страна на барата ќе се продаваат под значка на Dodge, додека во Европа моделите на Dodge ќе се продаваат со знакот на Alfa Romeo.
Притоа, моделот кој највеќе ја интригира фантазијата се разбира е американскиот суперѕвер Dodge Viper, кој би можел да биде атрактивна принова во гамата на Alfa.