
Porsche
Откако на интернет протекоа фотографии со низок квалитет, Porsche одлучи да ги прикаже официјалните фотографии и видео од новиот Cayenne, во пресрет на премиерата која треба да се случи во Женева.
Новиот Cayenne има еднаква висина и ширина како неговиот претходник, но во е поголем за 3 сантиметри во должина, а има и за 2,5 cm поголемо меѓуосовинско растојание.
Најголем новитет ќе биде хибридниот систем - трилитарскиот V6 бензинец со моќност од 333 КС доаѓа во пар со електромотор со 47 КС.

Во понудата ќе се најдат и V6 бензинци со 300, 400 и 500 КС, како и битурбо 4.8 литарскиот V8 од Panamera.