Денес се појави и првиот сет фотографии од најавуваниот баварски компакт X1.

Баш како што и се очекуваше, серискиот X1 скоро воопшто не отстапува од концептната верзија која беше претставена минатата година во Париз. Двата автомобили се разликуваат само во изгледот на светлосниот систем на задницата.
Фотографиите од ентериерот покажуваат дизајн на контролната табла по пример на оној на Х3, а баш како кај новата серија 7 централната конзола завртена кон возачот, што е потег за пофалба.
BMW сеуште ги нема објавено техничките детали, но со обзир дека Х1 е граден на доработена платформа на серијата 3, з аочекување е погонска ергела составена од бензинци 2.0 со 143 КС и 170 КС, 3.0 со 265 КС, како и дизел 2.0 со 143, 177 и 204 КС.
BMW X1 на пазарот би требало да котира како луксузна алтернатива на Tiguan, Kuga и Rav4. Официјалната премиера е најавена за авто салонот во Франкфурт, а продажбата ќе започне кон крајот на годинава.

