Хроника

Баба заклучила 11-годишно девојче, ќе ја правела снаа

4. јануари 2017 - 17:35 | Макфакс

Баба не пуштала 11-годишно девојче да се врати во домот за згружување деца со воспитно-социјални проблеми, ја заклучила дома, велејќи и дека ќе ја прави снаа.

Како што соопшти полицијата, вчера во полициска станица во Чаир, социјален работник од Јавна установа за загрижување на деца со воспитно социјални проблеми и нарушено поведение-Скопје, заедно со единаесетгодишна штитеничка во установата, а која претходно била пријавена за исчезната, пријавиле дека на 29.12.2016 година околу 12.30 часот со автобус стигнала во населба Бутел 1 и на автобуска постојка се сретнала со друга штитеничка на установата.

Потоа заедно отишле во населба Шуто Оризари, кај бабата на втората штитеничка. По кажување на првата штитеничка, бабата на втората ѝ рекла дека ќе ѝ биде снаа и дека нема да си оди, по што ја влечела за коса. Веднаш потоа дошол нејзиниот внук со кој ја внеле во друга соба, ја заклучиле вратата и истиот се обидел да има сексуални односи со неа. Таа, прво се спротивставувала, а потоа се согласила и имале сексуални односи.

Бабата на втората штитеничка не и дозволила да излезе од куќата и да си замине. Ден пред Нова година единаесетгодишното девојче успело да побегне и за настанот кажала на нејзиниот чичко. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Коментирај