Фудбал

Баерн може да го врати Емре Џан

18. август 2019 - 18:02 | МИА
Минхен, 18 август 2019 (МИА) – Емре Џан може да се врати во клубот каде ја започна кариерата – Баерн Минхен.

Играчот од средниот ред на Јувентус нема да добие голема шанса да се покаже во тимот од Торино оваа сезона, бидејќи „бјанконерите“ имаат неколку играчи пред него во изборот за тимот.

Италијанскиот шампион не успеа да ги продаде Сами Кедира и Блеиз Матуиди, а Германецот импресионираше за време на подготовките и ќе се потпира на него.

Баерн и Париз Сен Жермен упатиле барање за Џан, а Маурисио Сари е подготвен да се раздели со него. 25-годишниот премина на стадионот „Алијанц“ минатото лето како слободен агент од Ливерпул. Во својата прва сезона во Торино, тој одигра 37 натпревари и постигна четири гола.

Сега, сепак, Јуве има премногу играчи во центарот на теренот и едвај чека да се раздели со некои од нив. Покрај Кедира и Матуиди, во составот се и новодојдените Арон Ремзи и Адриен Рабио, како и Пјаниќ и Бентанкур.

Коментирај