Балетската класика Лебедово езеро во Националната опера и балет на 5 април

На 5 април, со почеток во 20 часот, на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе балетскиот спектакл „Лебедово езеро“ од Петар Илич Чајковски.

Под диригентската палка на Бисера Чадловска, во кореографија на Виктор Јаременко од Украина, во улогата на Одета/Одилија ќе настапи примабалерината Марија Кичевска-Шокаровска, во улогата на принцот Зигфрид ќе настапи Франсиско Хименес Руис (Шпанија), Ротбарт е Балаж Лочеи (Унгарија), па де труа: Христина Наќевска, Наташа Трендафилова-Гицев, Ендрју Кук (Англија). Сценографијата и костимографијата се на Андреј Злобин и Гана Ипатиева од Украина, концерт-мајстор е Верица Ламбевска. Настапуваат солисти, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет.

Балетска класика „Лебедово езеро“ ја раскажува вечната борба помеѓу доброто и злото. Легендата за мистериозната лебед жена е еден од најромантичните класични балети и се карактеризира со многу елеганција, стил и хармонија. Со познатата лирска мелодија на П. И. Чајковски, „Лебедово езеро“ ја отсликува трагичната љубов помеѓу принцезата Одета и принцот Зигфрид. Ова универзално и волшебно ремек-дело на љубов, измама и драма не смее да се пропушти.

Тагови
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Култура

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Read more

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Read more

Марко Бањоли во Чифте амам

Read more

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Read more
 

Вести

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе