Ако продолжи тенденцијата на демографски развој така како што е сега, Белград ќе се претвори во потенцијална социјална бомба, изјави за Данас вршителот на должност директор на Националната агенција за регионален развој Горан Џафиќ.
- За десет години во Белград каде сега живеат два милиона луѓе, ќе има шест или седум милиони и градот ќе се претвори во потенцијална социјална бомба бидејќи тука ќе живеат најголем број невработени, нагласи тој.
Една од главните задачи, според него, е новоформираната Агенција да обезбеди траен и рамномерен развој на регионите во државата.
Тој додаде дека во моментот, разликата во развојот на најдобрите спрема најнеразвиените региони е еден-спрема-седум. Џафиќ тврди дека во Законот за регионален развој е предвидено работата за намалување на разликите да биде раководена од совет за регионален развој предводен од министерот за економија.