Останати спортови

Барса ја започнува одбраната на титулата во Ла Лига против Малага

6. јули 2011 - 15:06 |

Воведното коло од Ла Лига ќе се одигра на 20ти и 21ви август а во него Барселона ќе гостува кај Малага, а на Сантијаго Бернабеу, Реал Мадрид го пречекува Атлетик Билбао.

Денеска Фудбаслата Федерација на Шпанија ја изврши ждрепката за распоредот во Ла Лига во сезоната 2011/2012 која ќе започне на 20ти август а ќе заврши на 13ти мај.

Барселона одбраната на титулата ќе ја започне со гостување кај Малага додека пак вице-шампионот Реал Мадрид на домашен терен се среќава со Атлетик Билбао.

Првото коло исто така го носи и возбудливото градско дерби помеѓу Бетис и Севиља а останатите средби се Реал Сосиедат-Атлетико Мадрид, Еспањол-Гранда, Осасуна-Валенсија, Виљареал-Спортинг, Расинг-Хетафе, Леванте-Сарагоса и Рајо Ваљакано-Мајорка.

Но пред да започне сезоната во Ла Лига, Барселона и Реал Мадрид ќе си ги одмерат силите во Суперкупот на Шпанија.

Првата средба се игра на Сантијаго Бернабеу на 14ти август со почеток во 22 часот додека пак вториот натпревар се игра три дена подоцна на Камп Ноу и ќе започне во 23 часот.

Првото ’Ел Класико’ е закажано за 11ти декември кога Барселона гостува во Мадрид но оваа средба би можеле да се одложи поради обврските на Каталонците на Светското Клубско Првенство кое треба да се одржи од 8ми до 18ти декември.

Второто ’Ел Класико’ се игра на 22ри април на Камп Ноу.

Коментирај