Фудбал

Барселона ги прекина преговорите за трансферот на Нејмар

12. август 2019 - 13:35 | МИА

Барселона, 12 август 2019 (МИА) – Шпанскиот фудбалски шампион Барселона донесе одлука да ги прекине преговорите со Пари Сен-Жермен за евентуален трансфер на напаѓачот Нејмар, пренесува Sport.es.

Ова се објаснува со однесувањето на францускиот клуб кој наводно поставил неприфатливи услови.

Останува да се види дали другиот заинтересиран клуб, Реал Мадрид ќе успее да се договори со ПСЖ за бразилскиот фудбалер.

Се очекува одлуката за трансфер на Нејмар да биде донесена пред крајот на оваа недела.

Во сезоната 2018/19 година, 27-годишниот Бразилец одигра 28 натпревари за ПСЖ, постигна 23 голови и забележа 13 асистенции.

Парискиот клуб го купи Нејмар токму од Барселона во 2017 година за 222 милиони евра.

Коментирај