Фудбал

Барселона го демантира трансферот на Срна

11. јануари 2017 - 12:48 | Макфакс

Извршниот директор на фудбалскиот клуб Барселона, Оскар Грау, демантираше дека поранешниот хрватски репрезентативец ќе го засили тимот во јануарскиот преоден рок. Грау истакнал дека клубот верува во својот десен бек Алеиш Видал.

„Доколку некој замине од клубот, тогаш ќе дојде нов играч. Ние сериозно сметаме на Видал, поради тоа и го донесовме. Зачудува неговата мала минутажа, но сметките се сведуваат на крајот од сезоната“, рекол на брифинг со новинарите Грау.

Алеиш Видал беше донесен како алтернатива за Дани Алвеш, но и по заминувањето на Бразилецот тој не успеа да се избори за позначајна минутажа. Оваа сезона има одиграно само пет натпревари.

Шпанските медиуми шпекулираа дека овој 27-годишен фудбалер во јануарскиот преоден рок ќе ја напушти Барселона, иако тој таквите наводи ги демантираше.

Како замена за Видал најчесто се споменуваше 34-годишниот капитен на украински Шахтјор и поранеше хрватски репрезентативец, Дарио Срна.

Коментирај