Барселона ја продолжува војната со УЕФА која почна со основањето на Суперлигата, а сега објави ЛГБТ знаме во позадината на својот грб.
Барселона се одлучи на овој потег откако УЕФА забрани Алијанц Арена во Минхен да се осветли во боите на виножитото. Европската фудбалска куќа беше остро критикувана поради забраната, а Барселона на свој начин се придружи на критиките и на социјалните мрежи објави грб со позадина на ЛГБТ знамето.
УЕФА го одби предлогот на градоначалникот на Минхен бидејќи сака да „одржи политичка неутралност”, но јавноста ја карактеризираше како хомофобна.