„Batman: The Animated Series“ доби искрен трејлер
Пред да се појави на филмското платно изгледајќи како Џорџ Клуни, пред да биде депресивниот „темен витез“ толкуван од Кристијан Бејл и пред да биде набилдан како Бен Афлек, Бетмен се појави како спасителот на Готам во легендарната серија „Batman: The Animated Series“.
На почетокот на 90-тите години од минатиот век, децата низ целиот свет имаа секојдневен контакт со нивниот омилен суперхерој Бетмен преку анимираната серија „Batman: The Animated Series“. Гласовите на Кевин Конрој (Бетмен) и Марк Хамил (Џокер) станаа препознатливи во сечие домаќинство.
Поради тоа, екипата на YouTube каналот Screen Junkies реши да им посвети еден Искрен трејлер, кој изобилува со хумор но и со носталгија за едно друго, поинакво време на телевизијата.