Вести

Бебиња пингвини масовно умираат во втората најголема колонија веќе три години со ред

25. април 2019 - 18:49 | А.С.

Поразителна вест на Светскиот ден на пингвините: Речиси сите бебиња пингвини испилени во втората најголема колонија на пингвини императори умреле во изминатите три години.

Пингвините во колонијата Хејли Беј во голема мера не можат да израснат потомство од 2016 година, со жалење соопштија научниците. Умираат најмалку 70% од младенчињата во колонијата.

Младенчињата умираат во изминативе три години поради сѐ побрзото расцепување на мразот, поради што поголемиот дел од колонијата мораше да си замине и да се пресели во соседната колонија во потрага по подобро место за парење.

Сателитски снимки со голема резолуција што ги објавија научници од British Antarctic Survey (BAS) покажаа дека условите на местото за размножување се влошуваат во изминативе години, а претходно биле „стабилни и солидни“.

Научниците сметаат дека не е можно да се знае дали мразот се расцепува само како последица на климатските промени, но ваквиот степен на умирање на младенчињата е „невиден досега“, велат тие.

Колонијата Хејли Беј беше втората најголема колонија на пингвини императори во светот. Бројот на двојки што се размножуваат секоја година се движеше од 14.000 до 25.000 и сочинуваа од 5 до 9 проценти од вкупната популација пингвини од овој вид во светот.

Коментирај