„Бела чао“ стана протестна химна: Се пееше во Скопје, се пее во Украина и во Иран

Од Украина до Чиле, демонстрантите ширум светот долго време се собираат со италијанската песна Bella Ciao. Последниве денови почна да се пее во знак на солидарност со жените во Иран.

Песната во која се пее за умирање за слободата се пееше во Италија за време на Втората светска војна и стана симбол на отпорот кон фашистите.

Оттогаш, тоа стана глобален собирен крик, вклучително и за поддршка на Иранците кои протестираат поради смртта на 22-годишната Махса Амини, откако беше уапсена од моралната полиција во Техеран бидејќи, според нивното мислење, не го носела хиџабот „правилно“.

На почетокот на протестот, вирално стана видеото со пејачка која изведува верзија на таа песна на персиски со откриена глава во знак на пркос против задолжителното носење хиџаб во Иран.

Оттогаш, песната Bella Ciao, што значи „Збогум убавице“, ја пеат поддржувачите на протестите, вклучувајќи ги и Курдките во Турција и иранските емигранти во Париз.

URL

За време на протестите во 2012 година, преводени од тогашната опозиција, се пееше македонската верзија на „Бела чао“ на Рекорд, против тогашната владејачка ВМРО-ДПМНЕ.

Remote video URL

Четири години подоцна, во мај 2016 година, „Бела чао“ одекна и пред Специјалното јавно обвинителство, како дел од протестното движење Шарена револуција. Песната се пееше редовно на протестните маршови на „Шарените“.

„Тоа не е комунистичка песна, туку манифест за слобода“

„Иако долго време се поврзува со италијанските партизани, нема докази дека тие навистина некогаш ја пееле“, вели Карло Пестели, автор на книгата „Bella Ciao: The Song of Freedom“ (Бела чао: Песната на слободата). Но, сигурно е дека песната стана популарна за време на војната, рече тој.

Своите корени ги има во музичката традиција на северна Италија од 19 век, која се карактеризирала со страсни теми, особено неостварена љубов.

„Тешко е да се каже точно кои се нејзините корени“, изјави Пестели за AFP.

Нејзините двосмислени стихови ѝ дозволија да биде присвоена во многу случаи, рече тој.

„Тоа не беше комунистичка песна, туку манифест за слобода... Претставува аполитички вредности кои секој може да ги разбере и споделува“, додаде Пестели.

Тоа е, исто така, „лесна песна за пеење“, со рефрен што лесно се памети, па и оние кои не зборуваат италијански може да ја потпевнуваат.

Глобалниот досег на песната е поттикнат од популарните интерпретации, вклучително и од француската ѕвезда Ив Монтан, а неодамна беше претставена и во Netflix хитот „Money Heist“.

Може да се слушне каде и да се собираат толпи, од улиците на Скопје, до Њујорк, Хонгконг и Атина.

Remote video URL
Крик против угнетувањето

Украинците ја пеат оваа година во пркос на руските сили, демонстрантите во Триполи танцуваа на неа, англиските фудбалски навивачи ја пееја, а климатските активисти од Сиднеј до Брисел ја користат како повик за акција.

Во Рим и Париз, Bella Ciao беше емотивно пеена од балконите за време на локдаун мерките во 2020 година поради пандемијата на коронавирус.

URL

За многумина, историјата на песната е помалку важна од нејзиното глобално влијание.

„Таа песна е многу позната во Иран и во целиот свет, бидејќи е симбол против угнетувањето“, рече Масах, 29-годишен ирански иселеник кој учествуваше на солидарниот протест за Махса Амини во Рим оваа недела.

URL
Bella Ciao, Bibi Ciao, Blaya Chara

Иако стиховите често се преведуваат, рефренот обично се пее на италијански, иако малку изменет.

Во Ерусалим минатата година, демонстрантите против тогашниот премиер Бенјамин „Биби“ Нетанјаху пееја „Bibi Ciao“ повикувајќи на негово заминување.

Во 2019 година, демонстрантите против режимот во Ирак се собраа на нивната сопствена верзија на песната „Blaya Chara“, што значи „нема излез“ на ирачки дијалект.

„Кога ја пееме, се чувствуваме повеќе поврзани со целиот свет“, додаде сестрата на Махса, Шива (33), на протестот за Махса Амини во Рим.

„Музиката е форма на изразување што ви овозможува да комуницирате дури и ако не знаете други јазици.“

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Свет

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Read more

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Read more

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе