Ракометарите на Белорусија и Германија славеа над Србија и Холандија и тоа со убедливи победи со што Европското првенство за мажи се отвори.
Србите и Холанѓаните парираа само едно полувреме губејќи со 1 односно 2 гола разлика, но после паузата Белорусите и Германците ги ставија натпреварите под контрола и на крајот забележаа убедливи победи од 5 односно 11 голови разлика.
Арцјом Каралек со 9 голови нбеше незапирлив за Србите, додека дванаесет различни германски ракометари го полнеа голот на Холандија.
Група А
Белорусија - Србија 35:30
Група Ц
Германија - Холандија 34:23
Од 20 часот и 30 минути се играа другите два натпревара од овие групи, а се среќаваат Хрватска - Црна гора и Шпанија - Латвија.