Беше „иднината на Барса“, сега клубот сака да се ослободи од него

Френки де Јонг дојде во Ајакс од Барселона во летото 2019 година како феноменален млад играч од средниот ред, со штотуку наполнети 22 години.

Беше претставен како наследник на легендарните играчи од средниот ред на Барса и како основа на тимот во следната деценија. Беше и соодветно платен, а обештетувањето за него изнесува 86 милиони евра. Три години подоцна, Барселона го принудува петтиот најскап играч во историјата на клубот да замине во Манчестер Јунајтед, иако тој не сака.

Фабрицио Романо, најсигурниот извор на пазарот на фудбалери, пишува дека и покрај желбата на Де Јонг да остане, Барселона веќе „почнала директни преговори со Јунајтед околу трансферот на Де Јонг, за кој бара 85 милиони евра и чека за одговор“.

Истиот извор додава: „Де Јонг би сакал да остане во Барселона и да игра во Лигата на шампионите, но се очекува против негова волја да биде преселен во Јунајтед бидејќи Барселона мора да ги реши финансиските проблеми“.

Каталонската TV3 пишува дека тренерот Чави разговарал со Де Јонг за да му објасни дека неговото заминување е неопходно поради економската ситуација во клубот, но и дека му објаснил дека управата не е многу задоволна од неговата игра.

Нов менаџер на Манчестер Јунајтед е Ерик тен Хаг, тренер кој две години одлично соработуваше со Де Јонг во Ајакс. Де Јонг во последните месеци неколку пати изјави дека е среќен во Барселона и дека е подготвен да го продолжи договорот, но очигледно Каталонците имаат други планови со него.

Една од причините е тоа што без продажба на неколку играчи, Барселона не може без обештетување да ги регистрира фудбалерите што ги донесе. За неа веќе потпишаа Франк Кесие од Милан и Андреас Кристенсен од Челзи, но Барселона и по сите кратења не ги почитуваше сите правила на финансискиот фер-плеј.

Затоа не може да регистрира двајца нови играчи, но не може ниту Серхио Роберто, кој неодамна потпиша нов договор со клубот. Истиот проблем ја спречува Барселона да постигне дефинитивен договор со Роберт Левандовски.

Во моментов клучно е Барселона да оствари дополнителни приходи, но и да ги намали тековните трошоци. Еден од потезите во таа насока е продажбата на одличен играч, кој пред само три години беше скапо платен и претставен како иднината на Барселона.

реклама

Ангелов бара кружен тек кај збунувачката крстосница со чести сообраќајки во Аеродром

Read more

Тешки бетонски блокови пред паѓање висат од тераса спроти Владата, предупредува ЦУК

Read more

Грчки археолози открија мистериозна тркалезна градба стара 4.000 години

Read more

Кои раси на кучиња живеат најдолго?

Read more

Фудбал

Далеку од вниманието на ЕУРО и Копа Америка се игра уште едно првенство

Read more

Срушен рекордот за најбрз гол на ЕУРО: Албанија погоди по само 23 секунди

Read more

Навивач на Шкотска изведе иконска сцена од Braveheart пред стотици Германци

Read more

Словенија го освои ЕУРО 2024, ама во најдобро пиво

Read more
 

Спорт

  • play_arrow
  • filter

Далеку од вниманието на ЕУРО и Копа Америка се игра уште едно првенство

Читај повеќе

Пролет се засили со Стојчевиќ, нов договор за Василевски

Читај повеќе
  • play_arrow

Срушен рекордот за најбрз гол на ЕУРО: Албанија погоди по само 23 секунди

Читај повеќе
  • play_arrow

Новак Ѓоковиќ почна да тренира по операцијата на коленото

Читај повеќе
  • play_arrow

Навивач на Шкотска изведе иконска сцена од Braveheart пред стотици Германци

Читај повеќе
  • play_arrow

Словенија го освои ЕУРО 2024, ама во најдобро пиво

Читај повеќе

ПСЖ за 20 милиони го купи најдобриот руски голман

Читај повеќе
  • play_arrow

Далас на крилјата на Дончиќ го замрзна Бостон на -38 и ја продолжи финалната серија

Читај повеќе

Трагедија: Почина голманот на Црна Гора, Матија Шаркиќ

Читај повеќе