Бесплатен тим од соништата: 11 играчи без договор на крајот од сезоната

Првиот ден од новата година го означува и почетокот на можноста за преговори со други клубови на играчите чиј договор истекува на крајот на сезоната. А помеѓу нив, неколку ѕвезди и уште неколку солидни играчи кои би биле сериозни засилувања за големите европски екипи.

На крајот од сезоната, овие 11 слободни играчи можат да бидат одлични зделки за некој од клубовите, со оглед на тоа дека клубот нема потреба да одвои пари за нивниот трансфер.

Да започнеме со голманот, Џиџи Буфон. Италијанецот има 40 години, но и понатаму вели дека не е подготвен да стави крај на кариерата. Во моментов тој е дел од ротацијата на францускиот шампион ПСЖ, но не знае дали ќе го продолжи договорот по крајот на сезоната.

Во одбраната започнуваме со неговиот колега, Дани Алвес. Бразилецот помина подолг дел од минатата година надвор од терените, за да се опорави од тешката повреда, а сега кога се врати покажува дека и понатаму може да биде стандарден дел од голем тим. Неговиот сонародник Давид Луиз (31) исто така е слободен играч на крај на сезоната, но тој има опција да го продолжи договорот на само уште една сезона, поради политиката на Челзи која вели дека не им дава долги договори на играчите кои имаат над 30 години. Одбранбената четворка ја сочинуваат двајца играчи на Атлетико Мадрид – Диего Годин и Филипе Луис. И двајцата преговараат со клубови уште отсега, иако се чини дека сепак Годин ќе остане во Мадрид и по крајот на оваа сезона.

Најатрактивните двајца слободни играчи ова лето доаѓаат од средниот ред. Арон Ремзи (27) и Адријан Рабио (23) преговараат со неколку тимови, а најзаинтересирани за нив се врвните европски екипи. Јувентус сака да го донесе Ремзи во своите редови, додека Атлетико Мадрид во Рабио ја гледа идеалната замена за Габи. Покрај нив, тука е и Цеск Фабрегас, кој деновиве преговара за трансфер во Монако. Доколку трансферот пропадне, некоја од европските екипи ќе може да го привлече шпанскиот плејмејкер бесплатно.

Двајцата крилни играчи на Баерн Минхен – Арјен Робен и Франк Рибери, исто така се слободни играчи на крајот на оваа сезона. Холанѓанецот Робен (34) смета дека холандската лига би била идеална за него, додека една година постариот Рибери се обидува да обезбеди нов договор со Баерн.

Во нападот најзвучното име чиј договор истекува летово е Оливие Жиру. Тој имаше повеќе од успешна 2018 година и го освои Светското првенство со француската репрезентација, а повеќе од очигледно е дека нема да потпише нов договор со Челзи. Неколку италијански клубови се заинтересирани за неговите услуги.

Покрај овие 11 играчи, слободни агенти на крајот на годинава се и Петр Чех, Винсент Компани, Томас Вермален, Даниеле Де Роси, Хуан Мата, Марио Балотели и Фернандо Љоренте, помеѓу другите.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Фудбал

Ел Класико се сели во САД

Read more

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Read more

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Read more

Јирген Клоп: Извинете

Read more
 

Спорт

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе