Безос се разведува поради друга жена, но приказната има и политичка позадина

Веста за разводот на најбогатиот човек на светот и основач на гигантот за е-трговија Amazon Џеф Безос одекна низ медиумите.

Џеф и Мекензи Безос соопштија дека се разведуваат по 25 години бак и дека планираат да останат пријатели.

Меѓутоа, американските медиуми објавија дека причината за разводот е друга жена – Безос е заљубен во Лорен Санчез, поранешна ТВ-водителка.

Паралелно се појави и информацијата дека завршил и бракот на Санчез со Патрик Висел, агент за таленти и сопственик на агенцијата WME, кој му е пријател на Безос.

Списанието National Enquirer објави љубовни пораки што наводно биле разменети меѓу Безос и Санчез, а се шпекулира дека Безос со соопштението за разводот успеал да ги надитри медиумите пред да ја објават приказната за аферата.

National Enquirer објави дека негови нвинари ги следеле Безос и Санчез низ пет држави и поминале повеќе од 400.000 милји. Ги следеле додека патувале со приватни авиони, луксузни лимузини, на романтични прошетки и во хотели со пет ѕвездички.

Безос се гледал со Санчез три пати неделно, ја водел на егзотични патувања со приватни авиони во вредност од 65 милиони долари.

Нова димензија на приказнаа додаваат шпекулациите дека целиот случај за објавување на аферата бил политички мотивиран.

Безос, кој е сопственик на весникот Washington Post, е долгогодишен критичар на американскиот претседател Доналд Трамп и двајцата одамна се во јавна расправија.

Дејвид Пекер, извршен директор на матичната компанија на National Enquirer, American Media Inc. (AMI), е познат е како сојузник на Трамп уште пред да премине во политика. Медиумите сега ги поврзуваат точките.

Голем дел од богатството на Џеф Безос проценето на 137 милијарди долари се должи на неговиот влог од 16% во Amazon. Тој го основа гигантот за е-трговија во 1994 година, една година откако се ожени со Мекензи.

Вашингтон, сојузната држава каде гласи официјалната адреса на живеење на Безос, има закон дека сѐ што е стекнато за време на бракот, по разводот им припаѓа подеднакво на двајцата сопружници, освен ако не е поинаку нагласено во предбрачен договор. Не е познато дали Џеф и Мекензи Безос имаат потпишано предбрачен договор.

Ако немаат, Мекензи ќе има право на половина од 137 милијарди долари, во пари, недвижен имот и акции.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Живот

Совет здравје вреден: Како да разликувате рециклиран убрус од направен од чиста целулоза?

Read more

Дали би платиле 2.000 евра за Лагото Ромањоло – куче кое наоѓа тартуфи?

Read more

Зошто корпите за алишта имаат дупки?

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more
 

Магазин

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Читај повеќе

Граѓаните на ЕУ повеќе претпочитаат печатени отколку електронски книги

Читај повеќе

3 најлоши постапки што можете да ги направите ако дознаете дека партнерот ве изневерил

Читај повеќе

Совет здравје вреден: Како да разликувате рециклиран убрус од направен од чиста целулоза?

Читај повеќе

Дали би платиле 2.000 евра за Лагото Ромањоло – куче кое наоѓа тартуфи?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

„Село на духови“ кое стана популарна туристичка атракција

Читај повеќе

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Читај повеќе

Зошто корпите за алишта имаат дупки?

Читај повеќе

Домашни природни лекови против стомачни проблеми

Читај повеќе