Бил Гејтс ја основа компанијата Microsoft во 1975 година, а денес е филантроп, индустриски револуционер и еден од најбогатите луѓе на светот.
Тој е интересен човек и секоја негова следна изјава се следи со внимание.
Овојпат Гејтс ја шокираше јавноста со изјавата дека тој е виновен што компанијата Microsoft изгубила 400 милијарди долари.
Зборувајќи за потеклото на мобилните телефони, Гејтс рече дека Microsoft требало да биде она што е денес Google, бидејќи години порано компанијата имала мобилен Windows, развиени уреди и значителен број активни корисници, особено во бизнис сегментот.
„Тоа беше природна работа, Microsoft да победи во тоа поле, но успевме да ја прокоцкаме таа голема шанса“, рече Гејтс на конференцијата TechCrunch и нагласи дека реакцијата на Стив Балмер, кој тогаш управувал со компанијата, не била адекватна.
„Таа 2007 година, кога беше најавен iPhone, веќе имавме добар Windows Mobile екосистем, но Балмер сметаше дека управувањето со допир е непрактично и дека корисниците секогаш ќе претпочитаат тастатура. Google ја искористи предноста на iPhone, го направи Android и денес е таму каде што требаше да биде Microsoft.“
„Во софтверскиот свет е навистина така – победникот зема сѐ. Ако сте на пазарот со половината потребни апликации или дури и со 90%, осудени сте на пропаст. Има место само за еден систем, кој не е Apple во мобилната индустрија и која е неговата вредност? Околу 400 милијарди долари што ќе преминеа во Microsoft ако изигравме како што требаше“, заклучи Гејтс.
Со други зборови, Microsoft и Гејтс изгубиле 400 милијарди долари поради недоволно јасна визија, а Windows Phone однапред бил осуден на пропаст. Дополнителен удар бил недостигот на апликации.