Билетите за првата конференција за е-трговија достапни по Early-bird цена до крајот на септември

12  септември, 2018, СКОПЈЕ –  Во пресрет на првата конференција за е-трговија во Македонија, која ќе се одржи на 26 октомври во Хотел Мериот во Скопје, организаторите ги пуштија во продажба првите 100 билети за настанот, по посебна (Early Bird) цена.

Билетите можат да се купат на официјалниот сајт на конференцијата – http://www.ecommerceconference.mk – со кредитна картичка, или пак преку нарачка и плаќање преку фактура. Цената на промотивните Early Bird билети е 4,244 денари и важи до 25 септември или до трошење на предвидената количина, по што ќе бидат објавени билети по регуларна цена.

На конференцијата, чија тема е „e-Трговија: е-Иднина за е-Македонија!” ќе се разговара за развојот, видовите на плаќања, начини на достава, а ќе се споделат и маркетинг искуства за тоа што функционира во е-трговијата на локално и глобално ниво. Повеќе од 20 домашни и интернационални говорници ќе ги споделат своите искуства и ќе дебатираат на внимателно одбрани панел дискусии за предизвиците со кои што се соочуваат е-трговците во Македонија и можни решенија за истите. Листата на говорници постепено се открива на јавноста, а истата е достапна на следниот линк.

Конференција е наменета за претприемачи и основачи на компании, економисти, маркетери, претставници од средниот и топ менаџмент и институции од поширокиот екосистем на е-трговијата, при што тие ќе имаат можност да научат за постојниот и иден развој на е-трговијата, како и да слушнат практични совети за оптимизирање на нивното онлајн присуство и подобрување на ефективноста на нивните бизниси.

Конференцијата е во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, која се стреми кон инклузивна е-трговија.

За Асоцијацијата за е-трговија на Македонија

Мисијата на оваа асоцијација е да креира иднина за раст и развој на е-трговијата во Македонија, со главна цел да ги поддржи интересите на компаниите за е-трговија, да придонесе кон знаењето за е-трговија и негово проширување, вклучувајќи ги поврзаните услуги и технологии и да ги намали и елиминира бариерите кои го ограничуваат растот и развојот на идустријата.

За повеќе информации: http://www.ecommerceconference.mk

*Промотивен текст

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Бизнис

Скокнаа цените на нафтата, остар пад на доларот

Read more

Раст на Волстрит втор ден по ред

Read more

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Read more

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе