Пазарот на криптовалути во последниот месец доживува голем пад бидејќи најпопуларната валута, биткоинот, вртоглаво губи од нејзината вредност. Во моментов вредноста на биткоинот е на најниското ниво во последните 5 години, а се очекува и понатаму да продолжи да паѓа.
Актуелната вредност на биткоинот е 3.520 долари за една единица, а во последните две недели оваа валута загуби 40% од нејзината вредност.
Ова е најниската забележана вредност на биткоинот од април 2013 година па наваму. Тоа значи дека заработката која беше креирана од неодамнешниот скок на вредноста во рок од две недели целосно се избриша.
Во драматичниот раст во тек на 2017, посебно во декември таа година, кога оваа интернет валута вредеше сега незамисливи 20.000 долари. Потоа вредноста почна постепено да паѓа, а резултатите од последните две недели се најлоши досега.
Падот на вредноста експертите го поврзуваат со појавата на неколку паралелни криптовалути како што се Bitcoin Cash и Litecoin.