Битолска млекара ја завршува годината со едукација на своите фармери

Во рамките на активностите за унапредување на соработката со своите партнери, Млекара АД Битола организираше наменска панел-дискусија со своите најголеми фармери-кооперанти, со цел информирање за промените во законската регулатива и пренесување на позитивни искуства од земјите со напредно фармерско производство.

Компанијата ги запозна фармерите со начините како би можеле да ги подобрат своите фарми и квалитетот на своето сирово млеко, со цел да ги исполнат највисоките стандарди за квалитет, користејќи ја стручната помош на Бимилк.

Гости на панел-дискусијата беа и Борче Петковски, инспектор во Агенцијата за храна и ветеринарство, кој детално ги презентираше барањата и измените во законската регулатива во насока на приближување кон регулативата и стандардите на ЕУ, како и проф. д-р Љупче Кочоски, деканот на Биотехничкиот факултет во Битола, кој пак презентираше практични аспекти на модерно фармерство, запознавајќи ги фармерите на кој начин можат да ги исполнат и одржат критериумите за прва категорија на фарми.

Панел-дискусијата ја заврши директорот на суровина во Млекара Битола, Драган Илиевски, кој ги презентираше најновите светски трендови во млечното говедарство, како и можностите за примена на истите во македонски услови, со цел унапредување на фармите и олеснување на поважните операции на фармата со примена на механизација, автоматизација, компјутеризација и каде е можно роботизација.

„Млекара Битола ќе остане доследна на определбата да ги поддржи своите фармери и сите оние кои ќе изразат јасна намера и желба да работаат заедно со нас на унапредување на своите фарми. Ние ќе продолжиме да ги стимулираме партнерите да инвестираат во својот бизнис на многу различни начини и сакаме да потенцираме дека имаме заеднички цели, затоа што само со домашна здрава сировинска база, Бимилк може да смета на сигурна иднина“, изјави Драган Илиевски, директор на суровина во Бимилк.

На настанот официјално беше потпишан и договор за деловно техничка соработка помеѓу Бимилк и Биотехничкиот факултет во Битола, со кој всушност се продлабочува нивната соработка токму и во насока на заедничка поддршка и развој на млекопроизводителите.

Инаку поддршката која ја дава Бимилк за своите фармери се состои од повеќе различни стимулативни мерки, вклучително поддршка за инвестирање во модерна земјоделска механизација наменета за производство на сточна храна, подобра шталска и молзна опрема, млечни грла стока со подобра генетика или автоматизација и компјутеризација на нивните фарми. Истовремено, на своите партнери компанијата им нуди и стручна помош, со цел поддршка при проектирање на нови фарми, но и за унапредување, одлучување и примена на мерките за постигнување на нивните цели.

Од Бимилк потенцираа дека со инвестирање во иднината на своите фармери, компанијата практично инвестира и во својата иднина и токму затоа има за цел да придонесе за што поголема продуктивност, економичност, а со тоа и поголема профитабилност на своите кооперанти.

*Промотивен текст

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Бизнис

Волстрит паѓа четврти ден по ред

Read more

Народна банка: Основната каматна стапка се задржува на нивото од 6,30 отсто

Read more

Доларот е на највисоко ниво во последните пет месеци

Read more

Драстичен пад на цената на биткоинот

Read more
 

Вести

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Читај повеќе