Бизарно, срамно, предавничко - Трамп критикуван за средбата со Путин

Вашингтон/Москва, 17 јули 2018 (МИА) - Претседателот на САД, Доналд Трамп по средбата во Хелсинки со рускиот преседател Владимир Путин изјави дека има голема доверба во своите разузнавачи и оти „двете најголеми нуклеарни сили мора да се согласуваат“, додека Путин наведе дека состанокот со Трамп бил „со поголема содржина отколку што очекувал“.

- Како што денеска реков и многу пати претходно, имам голема доверба во своите разузнавачи. Но, признавам, за да изградиме посветла иднина, не можеме да се фокусираме исклучиво на минатото - како две најголеми сили, мораме добро да се согласуваме, напиша Трамп на Твитер со хаштаг #Helsinki2018.

Трамп по Самитот во Хелсинки е критикуван како од конгресмените и од Демократската и од Републиканската партија, кои ги оценија неговите изјави на прес-конференцијата со Путин како „бизарни“, „предавнички“, „срамни“ и како „пропуштена можност да се упати сериозно предупредување за мешање во изборите“.

Во исто време, рускиот претседател во интервју за руската телевизија Канал еден истакна дека разговорите со Трамп се одвивале во „партнерска атмосфера“.

- Немав посебни очекувања бидејќи тоа беше наш прв состанок. Во почетокот наликуваше на некој вид загревање, со цел поконкретно да разговараме за идните контакти. Меѓутоа, работите тргнаа во друга насока - разговорот навистина беше со многу содржина, посочи Путин.

Тој додаде дека не прецизирале датум за следна средба, но не ја исклучуи можноста да се сретне со Трамп на маргините на некој од азиски форум или подоцна во Аргентина, на Самитот на Г-20.

реклама

Свет

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Read more
 

Вести

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Читај повеќе

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Читај повеќе

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе