На 15-ти овој месец истекува рокот за поднесување годишни извештаи за исплатените приходи за 2009 година. Од УЈП информираат дека до 5-ти обврската ја исполнителле само 2.116 даночни обврзници, а според информациите на Управата за оваа година обврска да поднесат годишни извештаи имаа 60.000 даночни обврзници.
Со цел да се запази рокот за поднесување на годишните извештаи сите даночни канцеларии на УЈП ќе работат и за време на викендот, односно на 13. и 14. февруари од 8:30 до 16:30 часот.
Даночните обврзници кои ненавремено или воопшто нема да достават годишен извештај УЈП ќе им изрече глоба за сторен прекршок во износ од 2.000 до 3.000 евра во денарска противвредност, како и глоба во износ од 500 до 1.000 евра во денарска противвредност на одговорното лице кај исплатувачот на приходите.