Кредитната картичка, која е се попопуларно средство за плаќање во светот, денеска слави 60-ти роденден.
На денешен ден, 8 февруари 1950 година, американскиот бизнисмен Фран Макнамара ја пушти во оптек првата кредитна картичка, направена од картон, со натпис „Дајнерс клуб“.
Со изумот на кредитната картичка е создадена и култура на долгови или постојан минус на личната сметка.
По „Дајнерс“, следело основање на „Америкен експрес во 1958 година, потоа „Мастеркард“ во 1966 година, а како последна од светски познатите картички е „Виза“ во 1977 година.
Во поранешна СФРЈ кредитните картички пристигнале во 1969 година со потпишување на франшизен договор.
Според најновите податоци, кредитните картички ширум светот се употребуваат дури 25 пати во секунда.