» поопширно

You are missing some Flash content that should appear here! Perhaps your browser cannot display it, or maybe it did not initialise correctly.

You are missing some Flash content that should appear here! Perhaps your browser cannot display it, or maybe it did not initialise correctly.

Ставрески: Македонија ќе излезе од рецесија во првиот кваратал

Понеделник, 08.02.2010 |

Македонската економија ќе излезе од рецесијата во првиот квартал на оваа година, изјави министерот за финансии Зоран Ставревски при денешната посета во Крушево.

-Македонската економија, според податоците од последните месеци на 2009 година кога во ноември индустриското производство оствари пораст од 4 проценти, а во декември кога индустриското производство се зголеми за 20 проценти, веќе излегува од рецесијата. Очекувам во првиот квартал од ова година македонската економија и формално да излезе од рецесијата и постепено ќе почне закрепнувањето. Веројатно до крајот на годинава, постепено ќе се зголемува тој раст, така што очекувам за целата година да оствариме пораст од најмалку два проценти, изјави министерот.

Ставревски не сакаше да коментира за колку ќе се намалат акцизите на старите возила кои ќе се увезуваат, но најави дека вестите ќе бидат поволни за граѓаните. -Бидете трпеливи уште два-три дена. Речиси се завршени анализите за акцизите и поради сензитивноста на пазарот не би можел да давам изјави за тоа какви ќе бидат решенијата. Но ќе бидат добри и поволни за граѓаните и може да се очекуваат добри вести, додаде тој.

Околу намалувањето на каматите на кредитите, министерот за финансии објаснува дека сега треба и да се зголеми нивото на кредитирањето. -Има неколку фактори што влијаат позитивно и кои влијаат за намалувањето на каматните стапки. Секако, намалувањето на референтната каматна стапка на Централната банка но и новиот Закон за облигациони односи каде Владата ги намали за три процентни поени казнените каматни стапки за физички лица и за еден процентен поен за правните лица со што ги обврза комерцијалните банки да ги намалат и договорните каматни стапки. Секако И намалувањето на стапката на државните записи на Министерството за финансии за само 5 проценти со февруарската аукција. Сите овие фактори влијаат на  намалувањето на цената на кредитните средства. Но не само да падне цената на кредитите, туку значајно е и да се создадат услови за повеќе кредити, да се зголеми обемот на кредитите. За тоа е потребно релаксирање на монетарната политика и дисциплинирано водење на фискалната политика на што ние се обврзавме, потенцира министерот Ставрески

Тој ги отфрла обвинувањата на  опозицијата дека за шест месеци државата се задолжила со седум нови кредити од околу 300 милиони евра и дека непродуктивно се трошат и колку беа неопходни задолжувањата. Се е под контрола, вели што се однесува до финансирањето

-Во услови на економска криза сите држави во светот го зголемија нивото на поддршка што го бараат од финансиските институции со цел да ги компензираат последиците од кризата. Така и Македонија за да може да одржува повисоко ниво на инфраструктурните проекти, мора да побара кредитна поддршка од светската, европската банка и од други институции. Добро е што во добрите економски години 2007 и 2008 предвреме го отплативме долгот. Со тоа го намаливме нивото на задолженост на земјата и со тоа создадовме услови и можности кога доаѓаат тешки времиња како овие во 2009 и 2010 да можеме со дополнителна финансиска инјекција да го помогнеме македонското стопанство и економијата. Токму тоа пја омогна македонската економија во 2009 да оствари трет најдобар резултат во Европа. Така што се е под контрола во тој дел што се однесува до финансирањето, изјави министерот Зоран Ставрески.

Во врска со обезбедување средства за проектот „Скопје 2014“ рече дека тој има  повеќеслојно значење - социолошко, културно, историско и не само за градот Скопје , туку и за Македонија и оти средствата се обезбедуваат во рамките на буџетот.

Балкан
14.03.2010 | 21:02
Српскиот претседател Борис Тадиќ изјави денеска дека Србија не се противи членот на военото претседателство на Босна и Херцеговина, Ејуп Ганиќ кого српските правосудни органи го теретат за во...
Сите денешни вести

Kajgana.com
14.03.2010 | 23:36

Французинот Жо Вилфрид Цонга оствари победа против австралискиот тенисер Маринко Матошевиќ и се пласираше во третото коло од турнирот Индијан Велс...

Backstage

Kajgana.com | http://kajgana.com

Стјуардесите на Ryanair

Ryanair е ирска авио-компанија која одлучи да им го оствари сонот на сите свои патници од машката популација, кои до сега сигурно често фантазирале за оваа глетка. Одличен маркетинг. Да посакаш да...

Kajgana.com | http://kajgana.com

Сцени од Кенија

Кенија е една од најразвиените и најубавите африкански земји, но во последните неколку години е изложена на серија негативни фактори кои константно ја уназадуваат земјата. Политички и племенски конфликти, нестабилни соседи (Сомалија, Судан, Етиопија...

Kajgana.com

Кога на телохранителот на Фифти Сент ќе му се спојат жиците...

При неодамнешното гостување на Фифти Сент во Данска каде раперот одржа концерт во Копенхаген, локалните папараци го почувствуваа бесот на неговиот телохранител...

Kajgana.com

Скејтери во развој

Секој обид за нов трик на тркалца или друга нестабилна површина, претставува потенцијален зародиш на нов интернет хит и отворена врата за стекнување слава од светски размери. Кога ќе размислиме подобро, некогаш е всушност...

Kajgana.com

Кога возењето на едно тркало и одењето по јаже не се доволни...

Од сите можни трикови на јаже на кои сме налетале на интернет, овој е убедливо најлудиот и најопасниот. Зошто? Затоа што вклучува мотор, еден екстра човек и перфектен баланс. Погледнете го Јохан Трабер, најпознатиот германски...

Kajgana.com

Хистерично женско стампедо

Однапред се извинуваме ако некој се најде навреден од насловот, но навистина не знаеме како поинаку да го наречеме лудилото кое се случи за време на отворањето на првата H&M продавница во Тулуз, Франција...

Kajgana.com

Самоодбрана: како да ви го скршат носот

Tеоријата си е теорија, мора да се знае. Исто како што вреди да се спомене дека има бројни докази дека таа во пракса не функционира секогаш како што треба. Еве една мала лекција на оваа тема... 

Kajgana.com

Дувна ветре развигорче

Силен ветер и фудбал - најинтересната глетка која може да се забележи на спортските терени. По ненадејниот напад на рекламните банери, пристигнува ова видео, каде ветрот го претвори овој слободен удар во најневеројатниот...

Kajgana.com

Си играш, а демек работиш

Работите во канцеларија, а сте забушантски настроени? Сега може да тепате време на работа без некој да ве забележи. Еве една колекција на флеш игрици кои изгледаат како канцелариски софтвер...

Kajgana.com

Raze

Интересна акциона игра со многу пукање, која сигурно ќе пополни добар дел од вашето слободно време. Исто како и кај останатите DeathMatch игри ваша задача е да останете живи, а останатите не.

Kajgana.com

Holmenkollen Ski Jump

Нашиот личен рекорд е 127 метри. Мислите дека можете да скокнете повеќе? Притиснете SPACE за да почнете, уште еднаш SPACE за да скокнете, контролирајте го летот со стрелките (лево-десно) и...

Kajgana.com

Home Sheep Home

Релаксирачка игра која сигурно ќе ви го задржи вниманието. Контролирате 3 овчички со различни атрибути, а пред вас се поставени разни препреки кои ќе ви го отежнат движењето. Ваша задача е да...

Kajgana.com

Robot run

Избегнувате пречки, убиствена плазма и остри сечила, прескокнувате експлозивни боци и собирате ѕвездички за повеќе поени. Колку долго ќе издржите?

Kajgana.com

Primary

Интересна флеш авантура која мора да ја испробате. Вие го контролирате Рој, мало човече, кое е способно да ја менува бојата и своите способности, за да навлезе во различни делови од кулата полна со непредвидливи...

© 2005-2010 Kajgana Media