Откупот и продажбата на земјоделските производи во декември минатата година изнесува 3.254.999.000 денари и споредено со декември претходната година вредноста на откупот е поголема за 98 отсто.
Поголемо зголемување на вредноста на откупените земјоделски производи од 119,9 отсто е забележано кај индивидуалните земјоделски производители, а продажбата од сопствено производство на претпријатијата е зголемено за 41,2 отсто.
Според податоците на Државниот завод за статистика, зголемување на вкупната вредност на откупените земјоделски производи е забележано кај житата, индустриските растенија, овоштарството и лозарството, алкохолните пијалаци, добитокот, живината и јајцата, млекото и рибата. Намалување, пак е забележано кај градинарските и фуражните растенија и кај млечните производи.