Останати спортови

Близначките Леила, Лина и Луик промоторки на Скопскиот маратон 2017

28. декември 2016 - 12:23 | Макфакс

Трите близначки од Естонија - Леила, Лина и Лили Луик ќе бидат промоторки на „Виз Ер Скопскиот маратон“, кој низ улиците на Скопје ќе се одржи на 7. мај 2017 година. Воедно тие се единствените Естонки кои имаат исполнето норма за настап на олимписката трка во маратон.

Најдобрите времиња на сестрите се под два часа и 41 минута - Леила: 2:37.11 часа, Лина 2:39.42 часа и Лили: 2:40:30 часа.

Освен како атлетичарки, тие се и професионални хип-хоп танчерки и уметнички (Леила и Лили сликаат портрети, пејзажи, цветови и лебеди – инспирирано од нивното презиме кое преведено од Естонски значи “лебед“).

Инаку досега своето учество на маратонот го имаат пријавено околу 500 атлетичари од 24 држави.

Пријавувањето и регистрацијата за „Виз Ер Скопскиот Маратон 2017“ може да се изврши преку официјалната веб страна на маратонот http://skopskimaraton.com.mk/ и преку партнерот за онлајн регистрација на Виз Ер Скопскиот Маратон, www.smartrace.club.

Коментирај