Филм & ТВ
Од 15-ти септември во македонските кина

„Blood Father“: Големо враќање на еден од најдобрите холивудски глумци во акциониот трилер „Заштитник“

1. септември 2016 - 11:35 | Кајгана

Глумецот Мел Гибсон, кој оваа година наполни 60 години, познат по култните филмови Mad Max и Brave Heart, извонреден и како режисер на филмот The Passion of The Christо, не престанува да изненадува. Овој пат после четиригодишна пауза, се враќа на филм во акциониот трилер „Blood Father“ („Заштитник“) како поранешниот осуденик Џон Линк, чија 16-годишна ќерка запаѓа во проблеми со насилни дилери на дрога.

Џон кој малку се смири и привремено се откажа своите рани турбулентни активности, случајно се враќа во игра на работ на законот и разумот, за да ја заштити својата отуѓена ќерка и повторно би воспоставил родителски однос со неа. 

Режисерот на филмот Жан Франсоа Рисе, кој во однос на работата со Гибсон открива:

„За мене, Мел Гибсон е еден од најголемите филмски креатори - тој е на мојата топ листа на режисери заедно со Мајкл Ман. Сепак, никогаш не се мешал во мојата работа и тоа го ценам“.

Покрај Гибсон, во филмот играат и Ерин Моријати, Диего Луна и Мајкл Паркс.

„Заштитник“, еден од најочекувани филмови за овој месец, пристигнува во кината на 15 септември:

Loading the player...

 

Коментирај