Концепти

BMW ги објави деталите за електричната лимузина i4 со 530 коњски сили

15. ноември 2019 - 13:44 | М.С.

BMW i4 ќе започне да се произведува во 2021 година, како дел од големиот план на компанијата BMW која до 2023 ќе лансира 25 нови електрични автомобили.

I4 ќе биде конкуренција на моделот на Tesla 3, а сега се познати и првите официјални спецификации.

BMW i4 во почетокот ќе има батерија од 80 киловати, а неговиот мотор ќе произведува околу 390 киловати, односно 530 коњски сили.

Забрзувањето до 100 км/ч ќе трае 4 секунди, а i4 ќе има електронски ограничена максимална брзина од 190 км/ч.

Од BMW велат дека со полначот од 150 kW батеријата за 35 минути ќе се наполни 80%.

Коментирај