BMW ја обнови гамата на Series 4

Две години по редизајнот на Series 3, BMW ги освежи и сите три модели на Series 4. фамилијата на „четворката“ е составена од Coupe, Cabriolet и Gran Coupe, а доживеа помали стилски промени на надворешнсота и во патничката кабина.

Покрај тоа Series 4 е унапредена и на механички план, со воведувањето на некои нови и модернизација на дел од старите компоненти и опрема.

Со редизајнот се опфатени новите LED светла, предните светла за магла, како и задните светлосни групи кои го задржаа истиот облик, но со различна графика на елементите.

Модификувани се и отворите за воздух на предниот браник, а понудата на бои за каросеријата е проширена со две нови нијанси. Нов е и дизајнот на 18 и 19 инчните алу фелни.

Промените во внатрешноста се дискретни и се однесуваат на нов волан и ураксните детали на кокпитот, додека купувачите располагаат со нови дезени на материјалите.

Подобрени се мултимедијалниот систем и контролниот тач пад на централната конзола. BMW исто така понуди и опционален мултифункционален екран место конвенционалните аналогни инструмени, а купувачите имаат неколку верзии за визуелизација.

Германската компанија тврди дека моделите Coupe и Gran Coupe сега имаат поспортско возење иако тоа не ја загрозува удобноста на патниците.

Со оглед на тоа дека моторите на Series 4 се освежени во јуни 2016, BMW овој пат не воведе нови погонски единици. Купувачите ќе можат да бираат меѓу четири цилиндарските и шест цилиндарските бензински и дизелски мотори, чиј распон се движи од 150 па се до 326 коњски сили кај моделот BMW 440i. Достапен е и xDrive погонот на сите четири тркала.

Освежени се и најсилните верзии, M4 Coupe и M4 Cabriolet. Двата модели сега се стандардно опремени со адаптивни LED светла, унапредени LED стоп светла, со мали стилски интервенции во внатрешноста.

Цените засега не се достапни, а претпоставките се дека нема мнгоу да се менуваат во однос на актуелната верзија на Series 4.

реклама

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

Како би изгледала Европа ако светското море се подигне за 100 метри?

Read more

Со 11.100 км/ч за 1 час низ половина свет: Тестот беше успешен, доаѓа ракетен авион?

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Авто новости

Дали жените се повнимателни возачи од мажите?

Read more

Peugeot конечно го покажа тајниот прототип 208 Cabriolet

Read more

BMW со првите фотографии го најави претстојното доаѓање на новиот X3

Read more

Стокец од 10.000 евра!

Read more
 

Автомобили

Дали жените се повнимателни возачи од мажите?

Читај повеќе
  • filter

Peugeot конечно го покажа тајниот прототип 208 Cabriolet

Читај повеќе

BMW со првите фотографии го најави претстојното доаѓање на новиот X3

Читај повеќе

Стокец од 10.000 евра!

Читај повеќе
  • filter

Погледнете го единствениот Lanzante McLaren Senna GTR LM 25 во светот

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Мал, но моќен: Поздравете го потполно електричниот мал SUV Volvo EX30

Читај повеќе
  • filter

Porsche Panamera, Audi Q8 и Volkswagen ID.7 се победници!

Читај повеќе
  • play_arrow

Бензин, дизел или хибрид: Кое е најбрзото BMW од Серија 3?

Читај повеќе
  • filter

Први фотографии од новиот Alfa Romeo: SUV Milano од секој агол

Читај повеќе