BMW M760i xDrive: Најскапиот модел на баварскиот бренд

Популарната буквa „M" на BMW кончно стана дел и од 7 Series. Станува збор за моќниот BMW M760i xDrive модел кој со цената од 168.090 евра во Германија, е најскапиот BMW автомобил во моментот. 

Овој модел во моментот е на врвот на понудата на BMW и големи се шансите дека ќе остане најскапиот автомобил на баварската компанија се до 2019 година кога треба да се појави луксузниот SUV модел X7. 

За високата цена на М верзијата на Series 7 купувачите ќе добијат беспрекорен луксуз, како и спортски перформанси од 6,6 литарскиот бензински би-турбо V12 мотор со 610 коњски сили и 800Nm максимален вртежен момент. 

Автомобилот кој има погон на сите четири тркала, забрзува од 0-100 километри на час за само 3,7 секунди и развива електронски ограничена максимална брзина од 250 километри на час. Со дополнителниот M Driver пакет, максималната брзина може да биде 305 километри на час. 

M760i xDrive се нуди само со зголемено меѓуоскино растојание со кое доаѓа целиот луксуз што BMW може да го понуди на купувачите. 

Како дополнителна опција се нуди и пакетот Excellence со кој доаѓаат поинакви 20 инчни тркала, повеќе хромирани детали на каросеријата и повеќе дрвени панели во внатрешноста. Исто така, за зголемување на комфорот на патниците, пакетот Excellence делумно го пригушува звукот на издувниот систем, а на каросеријата ги нема ародинамичните M компоненти. 

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Авто новости

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Read more

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Read more

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Read more

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Read more
 

Автомобили

  • filter

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Читај повеќе
  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Читај повеќе
  • filter

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Читај повеќе
  • filter

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Читај повеќе

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Читај повеќе
  • filter

Врвна прецизност и динамика: претставен новиот Cayenne GTS

Читај повеќе

Дали амонијакот може да биде алтернатива на фосилните горива?

Читај повеќе

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Читај повеќе