BMW: Не сакаме нашите модели да личат еден на друг

Кога и да се спомене автомобилската индустрија, германските производители се меѓу првите кои паѓаат на ум поради нивниот постојан напредок и напорна работа да создадат квалитетен производ за потрошувачите. Шефот за дизајн на компанијата BMW вели дека константните иновации се клуч за успехот во било која индустрија, а најмногу во автомобилската.

Голем број современи произведувачи на автомобили го прифатија трендот според кој моделите од истиот бренд имаат многу сличен дизајн – што ги прави многу тешки за разликување едни од други.

На тој начин марките полесно стануваат препознатливи на пазарот по нивните стилски карактеристики и унифицираниот изглед, но тоа пак значи дека на секој индивидуален модел му недостасува автентичност и иновативен дизајн што ќе го одвои од групата. Одредени компании забележаа дека нивните модели на тој начин го губат идентитетот и решија да направат модификации на нивните решенија во поглед на дизајнот на автомобилите.

Шефот за дизајн на BMW, Адријан ван Хојдонк, во разговор со Go Auto Australia изјави дека во иднина секој модел на неговата компанија ќе има уникатни дизајнерски карактеристики, иако тие и понатаму ќе го задржат имиџот кој го наметнува името на овој германски производител на автомобили.

„Ќе забележите дека новите модели стилски се разликуваат еден од друг иако се дел од истата генерација на истиот производител и делат ист дизајнерски јазик. Секој од нив има силен, изразен карактер и идентитет. Не сакаме нашите модели да личат како јајце на јајце“, вели ван Хојдонк.

Тој изјави дека обликувањето на новата генерација на Series 3 бил најголемиот предизвик од последниот период бидејќи компанијата инсистирала автомобилот да го задржи карактерот на претходните генерации но истовремено да биде иновативен и да има модерен изглед.

реклама

Авто новости

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Read more

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Read more

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Read more

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Read more
 

Автомобили

  • filter

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Читај повеќе
  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Читај повеќе
  • filter

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Читај повеќе
  • filter

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Читај повеќе

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Читај повеќе
  • filter

Врвна прецизност и динамика: претставен новиот Cayenne GTS

Читај повеќе

Дали амонијакот може да биде алтернатива на фосилните горива?

Читај повеќе

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Читај повеќе