Boeing е до гуша во проблеми

Макфакс/Кајгана
/ 12.03.2024 / 20:57

Би помислиле дека оваа година не може да биде полоша за компанијата Boeing. Но, откако нивниот авион ненадејно „пропадна“ среде лет за Нов Зеланд, при што беа повредени десетици патници, а откако пилотот привремено ја загуби контролата над леталото, се чини дека може, пишува CNN.

Пилотот сепак успеа безбедно да слета, но сè уште не е јасно што го предизвика толку драматичниот пад во воздухот на авиуонот Boeing 787 Dreamliner (фото) на чилеанската компанија LATAM Airlines на летот од Австралија до Нов Зеланд.

Boeing објасни дека го истражува случајот и работи на собирање информации, но тоа не е нешто што сакате да го слушнете по серијата пропусти и скандали што ја снајдоа компанијата, коментира CNN.

Серијата лоши вести за Boeing почна во првиот викенд од оваа година, кога дел од 737 Max на Alaska Airlines падна по полетувањето. Прелиминарната федерална истрага покажа дека Boeing најверојатно не ги поставил завртките на вратата од која паднал делот.

Тој инцидент резултираше со привремено приземјување на авионите 737 Max низ цел САД, проследено со конгресни сослушувања, одложување на производството и испораката, повеќе федерални истраги, вклучително и кривична истрага, и голем пад на акциите на Boeing, кој изгуби четвртина од својата вредност оваа година, намалување на пазарната вредност на компанијата за повеќе од 40 милијарди долари.

Но, лошите вести не застанаа тука. Во февруари, пилотите на 737 Max на United Airlines објавија дека контролите на авионот не функционирале додека авионот слетувал. Пред две недели, Федералната управа за авијација (ФАА) идентификуваше безбедносни проблеми со системите за одмрзнување на моделите 737 Max и 787 Dreamliner кои може сериозно да ги оштетат моторите. Засега ФАА дозволи авионите да продолжат да летаат, а Boeing соопшти дека тоа не претставува безбедносен ризик.

ФАА, исто така, тврди дека сметаат дека системот за работа и управување во Boeing е хаотичен и непрофесионален. Велат дека проблемот не е само во документацијата, туку и во целиот менаџерски синџир и самата работа. Тие му наложија на Boeing да претстави план за решавање на проблемите со производството до крајот на мај.

„Врз основа на ревизијата на ФАА, нашите неуспеси во квалитетот и неодамнешниот извештај на експертската комисија, продолжуваме да спроведуваме непосредни промени и развиваме сеопфатен акционен план за зајакнување на безбедноста и квалитетот и градење доверба со нашите клиенти и патници“, велат од Boeing.

„Фокусирани сме на преземање значајни активности со транспарентност на секој чекор“, велат тие.

Акциите на Boeing паднаа за 3% синоќа по веста за летот за Нов Зеланд, а денеска паднаа за уште 4,5%. Тоа е втор најлош резултат на берзата, зад Tesla.

Но, ужасниот почеток на Boeing во 2024 година не е само прашање на вредноста на акциите, туку и прашање на углед. Враќањето на довербата на авиокомпаниите, регулаторите и патниците станува сè потешко со секој нов инцидент и надзор.

Тагови
реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Детали од свадбата што откриваат дека бракот нема да трае долго

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Read more

Бизнис

Волстрит достигна рекордни нивоа

Read more

Европските инвеститори претпазливи, индексите благо паѓаат

Read more

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Read more

Ворен Бафет конечно откри во што инвестирал милијарди долари

Read more
 

Вести

Не наседнувајте на лажни пораки за парична помош од државата

Читај повеќе

Комисијата на ЕУ ги повика Скопје и Атина да се држат до Преспанскиот договор

Читај повеќе

Кумановец загинал откако возилото во кое патувал излетало од патот

Читај повеќе
  • filter

Фатена дрога испратена во мала пратка преку пошта

Читај повеќе

20 мај 1876, македонскиот народ го кренал Разловечкото востание

Читај повеќе

Како иранскиот претседател го доби прекарот „Касапот од Техеран“?

Читај повеќе

Волстрит достигна рекордни нивоа

Читај повеќе

Што би се случило со Германија доколку излезе од ЕУ?

Читај повеќе

Граничните процедури по Брегзит ќе ја чинат Британија 6 милијарди долари

Читај повеќе