Instagram профилот Rich Russian kids има повеќе од милион следбеници, а бизарните објави на богатите руски деца го шокираа светот.
Јахти, шампањ, приватни авиони, на тоа сме навикнати кога се во прашање богатите деца од било кој дел од светот. Но, Русите отидоа чекор подалеку.
На видеата објавени на овој профил гледаме како фрлаат пари од автомобил, подготвуваат појадок со ролекс залиен со млеко и житарки, уринираат во мијалник наполнет со пари и слични бизарни работи кои го шокираа интернетот.