Кошарка
Богоев го засили МЗТ
18. јануари 2013 - 16:55 | Макфакс
Ефтим Богоев и официјално е нов играч на КК МЗТ Скопје Аеродром откако денес го ставил својот потпис на договорот со клубот, потврди македонскиот кошаркарски првак на својата интернет страница.
Богоев е роден 1980 година, висок 185 сантиметри и игра на позицијата плејмејкер.
Во својата кариера има настапувано за Струмица, АМАК СП (Охрид), Фени Индустри, Овче Поле и Работнички.
Богоев во МЗТ доаѓа од тимот на Струмица со кој што ја започна оваа сезона, и во која имаше просечен учинок од 19,2 поени и шест асистенции на деветте одиграни натпревари.
Неговото деби се очекува наредната недела, кога МЗТ во Белград ќе и гостува на Црвена Звезда.
-->
-->
Коментирај