Бокс: Фјури на поени го натепа Валин
Ноќеска во Лас Вегас во рингот се сретнаа Тајсон Фјури и Ото Валин, а Британецот оствари победа на поени отккао Швеѓанецот даде силен отпор.
12 рунди беа потребни за на крајот 31-годишниот фаворит да ја однесе победата. Шведскиот боксер се покажа во одлично светло и дури и го раскрвави окото на Фјури со одличен удар во третата рунда.