Запрепастени родители во Кина на ултра звук успеале да видат како нивните еднојајчани близначки уште неродени успеаја да се скараат во стомакот на мама. Бебињата со стиснати тупаници се удираат и туркаат една кон друга во спротивната страна на мајчиниот стомак.
„Не можевме да поверуваме кога ја видовме снимката“, вели гордиот татко Тао.
Снимката е направена во четвртиот месец од бременоста, а за родителите целиот момент од неродените близначки е забавен. Снимката од „боксувањето“ стана вирална во Кина. На следниот ултразвук близначките се прегрнувале.
Но, на докторите ова и не им е толку смешно.
„Ова може да биде опасно, бидејќи близнаците би требало да се развиваат во „две соби“, а тие делат една. Ова се случува еднаш во 30 милиони“, објаснува лекар од пренатално одделение во болница во Јинчуан, Кина.
Девојчињата се родени живи и здрави минатата недела.