Филм & ТВ

Боксофис: „Captain America Civil War“ повторно на врвот, со досегашна заработка од скоро 1 милијарда

16. мај 2016 - 9:54 | И.М.

МНајновиот филм од универзумот на Marvel, „Captain America: Civil War“ и овој викенд е повторно на врвот на боксофисот. Суперхеројскиот филм стигна до речиси една милијарда долари од вкупната заработка од прикажувањата во кино салите во светот.

Заклучно со овој викенд, досегашните 13 филмови од универзумот на Marvel заработија преку 10 милијарди долари. „Captain America: Civil War“ го остави зад себе „The Jungle Book“, филмуватана верзија на познатата книга и анимиран филм, кој се најде на второто место на најгледани филмови во кино салите викендов.

Топ 5 листата на боксофисот за изминатиов викенд во САД изгледа вака:

1. Captain America: Civil War 72,5 милиони (84,2 милиони интернационално)

2. The Jungle Book 17,7 милиони (15,2 милиони интернационално)

3. Money Monster 15 милиони долари (4,7 интернационално) 

4. The Darkness 5,8 милиони долари 

5.  Mother's Day 3, 25 милиони долари. 

 

Коментирај