Болеста „чвореста кожа“ погодила 235 животни, се чекаат вакцините

„Болеста „чвореста“, или „јазлеста кожа“, која се појави кај говедата во Македонија, е потврдена во осум општини, при што 12 животни во 10 одгледувалишта манифестирале клиничка слика, а 235 се афектирани“, соопшти директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) Зоран Поповски.

Според Поповски, покрај усмртувањето и нештетното отстранување на заболените грла, превентивно се формирани и заштитни зони со радиус од три километри околу жариштата каде болеста е потврдена, зони под надзор со радиус од 10 километри околу жариштата и зони под ограничување во радиус од 50 километри околу жариштата.

„Болеста „јазлеста кожа“ е локализирана во источна Македонија и е ставена под контрола во сите осум општини каде што е потврдена, Демир Капија, Штип, Василево, Босилово, Радовиш, Струмица, Ново Село и Делчево. Но, поради начинот на нејзиното релативно лесно и брзо пренесување со инсекти (мушички, комарци, муви,…) не е исклучено натамошно ширење“, истакна Поповски, при што нагласи, можно е до крајот на месецот да бидат афектирани три илјади животни.

Сепак, потенцира Поповски, секоја прогноза за ширење на болеста би била шпекулација со оглед на начинот на пренесувањето, моментно потпомогнат и од временските услови.

Тој ги отфрли констатациите за наводно ненавремено реагирање од страна на државата, затоа што рече, по добиените сознанија за појавата на „јазлеста кожа“ во соседните земји, реагирале веднаш и порачале вакцини, кои треба да пристигнат до крајот на месецот, а се чека зашто оваа компанија е единствен производител во светот.

Одговорајќи на новинарски прашања, информира дека забраната за дистрибуирање млеко и месо која досега важеше за афектираните подрачја, сега се однесува само на одгледувалиштата каде болеста е потврдена.

„Млекото и месото ќе може да се предаваат во заштитните зони, но со одреден надзор. Болеста и млечните и месните производи воопшто не се опасни за здравјето на луѓето“, рече Поповски, а  забраната и останатите вакви мерки се воведени само заради спречување на ширењето на болеста, не и затоа што овие производи се штетни.

Обесштетувањето на сточарите, пак, ќе се врши веднаш штом сопственикот на усмртените грла поднесе соодветно барање, а исплатата ќе биде реализирана во најкраток можен рок, со пари од буџетот на АХВ.

Болеста „јазлеста кожа“ е типична за африканскиот континент и досега се сметаше за егзотична, но од минатата година, со поместување на некои температурни граници, поволни за векторите (преносители), преку Блискиот Исток се прошири во Турција, а од таму во Грција и Бугарија. Овие две земји засега бројат по околу 7.000 афектирани грла. Болеста е многу присутна и во Израел.

Во Македонија „јазлеста кожа“ се појави и беше откриена на 18 април, а потврдена на 21 април годинава.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе