Борците за независна Каталонија добија вкупно 100 години затвор

Врховниот суд на Шпанија донесе пресуда деветтемина Каталонци одговорни за референдумот за отцепување од Шпанија од 2017 година да добијат затворска казна од 9 до 13 години.

Девет од обвинетите беа обвинети за бунт за што можеше да добијат казна до 25 години, но Судот одлучи дека прекршоците сепак не биле до таа мера иако имало „непобитни докази за насилство“ есента 2017 во Каталонија.

Највисока казна од 13 години доби Орио Жункерас, Лидер на Каталонската републиканска левица и поранешен заменик-премиер на Каталонија. Поранешните владини членови Раул Ромева, Жорди Туриљ и Долорс Баса добија 12 години. Десет и пол години добија членовите на кабинетот Жусеп Руљ и Жоаким Форн за неовластена употреба на парични средства, 11 и пол години доби спикерот во парламентот Карме Форкадељ, додека Жорди Санчес и Жорди Куичарт добија 9 и пол години како лидери на движењата за независност, ANC и Ómnium. Тројца беа ослободени од обвинението.

И покрај „поблагите“ казни, Шпанија уште еднаш докажа дека демократијата во земја не ец еднаква за сите и продолжува да ги користи сите можни начини за угнетување на каталонскиот народ кој е под шпанска окупација од 1714. Според шпанските закони, Каталонците немаат право на самопределување.

Каталонските осуденици за време на судењето се изјаснија дека не се чуствуваат виновни и дека им се суди од политички причини. Партиите кои и натаму се залагаат на долговековната желба за независност на Каталонија ги повикаа жителите на граѓанска непослушност доколку нивните лидери не се ослободат.

Меѓу осудениците не е поранешниот премиер Карлес Пуигдемонт кој сега живее во егзил во Белгија. Оттаму тој твитна за пресудата и повика на граѓанска непослушност: „Вкупно 100 години затвор. Варварство. Сега повеќе од било кога е на вас самите и вашите фамилии. Реагирајте како никогаш до сега. За иднината на нашите синови и ќерки. За демократијата. За Европа. За Каталонија“.

Каталонците одамна по мирен пат пробуваат да ја добијат назад својата држава, но немаат поддршка ниту од Европската унија која навидум се залага за демократија. Одлуката на шпанскиот Суд се очекува да предизвика нови масовни протести.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Свет

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Read more

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Read more

ЕУ воведе нови санкции за Иран

Read more

Бајден тврди дека вујко му бил изеден од канибали

Read more
 

Вести

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Читај повеќе