Борељ: Европа не се бори против Русија, туку ја брани Украина

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жузеп Борељ изјави дека ЕУ не се бори против Русија, туку ја брани Украина.

– Воопшто не ми се допаѓа приказната за Запад против Русија или Запад против други. Oва е прашање на Повелбата на Обединетите Nации. Се работи за суверенитетот на државите и почитувањето на границите и некористењето на сила против нивните соседи, нагласи тој.

– Ние не се бориме против Русија, ние ја браниме Украина. А одбраната на Украина значи одбрана на меѓународниот поредок заснован на правила. Во спротивно, ќе дојде законот на џунглата, изјави Борељ за Euronews.

Дипломатот смета дека ова е момент во кој ЕУ е важен геополитички актер и носи важни воени и енергетски одлуки. Војната во Украина ја покажа зависноста на Европа од руската енергија, а Борељ смета дека Европа ќе мора да ја плати цената ако сака успешно да ги брани своите вредности и слободи.

– Мораме да сфатиме дека одбраната на слободата и борбата против војната во Украина ќе имаат цена. Политичарите треба да имаат поголема храброст да им објаснат на луѓето дека овој трошок мора да се прифати бидејќи во спротивно цената ќе биде многу повисока, додаде тој.

Тој нагласи дека ЕУ се движи кон ставање крај на зависноста од руската енергија и оти без оваа војна ЕУ немаше да преземе мерки за ослободување од енергетската зависност од Русија.

– Ние би работеле како и обично. Пред оваа војна, не бевме свесни дека Европа е во опасност. И ако сме во опасност, тогаш треба да се соочиме со тоа, рече тој додавајќи дека има и други начини на кои европските земји може да и наштетат на руската економија. Сите зборуваат за забрана за увоз на нафта, но има и други начини да му се зададат проблеми на Путин. Тие се поврзани со осигурувањето. Доколку одлучиме дека нашите осигурителни компании нема да го осигураат транспортот на руската нафта, тоа ќе биде голема пречка за Русите да ја транспортираат нивната нафта не само во Европа туку и во остатокот од светот, рече Жузеп Борељ.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Свет

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Read more

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе