Фудбал
БУНДЕСЛИГА 2019/20

Борусија сурово казнува за доцнење: Санчо 1 час трчал на пороен дожд

21. октомври 2019 - 20:45 | Ф.З.

Младиот Англичанец покасно од договореното се вратил во Дортмунд по обврските со репрезентацијата, што на раководството воопшто не му се допаднало па му дале тројна казна.

Џебот на Џејдон Санчо е попразен за 100 илјади евра, што за неговата плата и не е нешто страшно, но трчањето цел час на поројниот дожд ќе го памети цел живот.

Таква казна му додели Борусија на 19-годишниот мега-талент бидејќи закаснил враќајќи се од репрезентативната пауза. Покрај тоа, Санчо беше намерно изоставен од тимот за саботното дерби против имењакот од Менхенгладбах откако тренерот Лусјан Фавр одлучи да ја челичи клупската дисциплина.

Клупското правило на Борусија вели дека играчите мора да се јават на тренинг барем 48 часа пред наредниот натпревар. Санчо не успеал да се појави до 18.30 часот во четвртокот и затоа се соочил со казна. Тој со Англија имаше натпревар понеделникот вечер во Софија и имаше доста време да не задоцни. Наместо тоа, играчот се појавил во Дортмунд дури во петокот попладне, открива Bild.

Додека неговите соиграчи се подготвувале за дуелот со Менхенгладбах, Санчо морал да одржи индивидуална тренинг сесија трчајќи околу стадионот, а како за беља токму тоа време истурало пороен дожд во Дортмунд.

Коментирај