Бостон ја забележа осмата последователна победа во НБА

Бостон, 15 декември 2018 (МИА) – Бостон Селтикс ја освои осмата последователна победа откако го совлада тимот на Атланта Хокс дома со 129:108. Кајри Ирвинг постигна 24 поени во три четвртини за „келтите“, а неговата лична статистика беше дополнета со 5 асистенции, 5 скока и 4 блокади.

Тој постигна 12 поени само во првиот дел, а неговиот тим благодарение на нив поведе со 23:5. Две минути пред да заврши третиот период, Бостон веќе ја помина границата од 100 поени.

Џејсон Тејтум постигна 22 поени за Бостон, додека Маркус Морис со 20 и Гордон Хејворд со 19 помогнаа во убедливиот триумф на тимот.

Со овој успех, Бостон веќе има 18 победи и 10 порази и се наоѓа на второто место во Атлантската дивизија. Атланта е на претпоследно место во целата Источна конференција.

Резултати од НБА:

Бостон – Атланта 129:108
Шарлот – Њујорк 124:126 (по продолжение)
Бруклин – Вашингтон 125:118
Кливленд – Милвоки 102:114
Филаделфија – Индијана 101:113
Мемфис – Мајами 97:100
Денвер – Оклахома Сити 109:98
Портланд – Торонто 128:122
Сакраменто – Голден Стејт 125:130

Лидери по дивизии:

Источна конференција

Атлантската дивизија: Торонто – 23 победи, 8 порази
Централна дивизија: Милвоки – 19/9
Југоисточна дивизија: Шарлот – 14/14

Западна конференција

Северозападна дивизија: Денвер – 19/9
Пацифик дивизија: Голден Стејт – 20/10
Југозападна дивизија: Мемфис – 16/12.

реклама

Кошарка

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Read more

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Read more

Далас на Дончиќ поразен на стартот од плеј-офот, Харден и Зубац одржаа лекција по кошарка

Read more

Јокиќ против Лејкерс дојде облечен како Гру

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе