Останати спортови

Бразил го освои Светскиот одбојкарски куп

15. октомври 2019 - 14:16 | Ф.З.

Со 11 победи во 11 натпревари Бразилците го освоија златниот медал на Светскиот куп кој денес заврши во Јапонија.

Со денешната победа над Италија со убедливи 3:0 Бразил ја освои третата титула во ова натпреварување по триумфите во 2003 и 2007.

Бразилците беа убедливи на шампионатот добивајќи ги сите 11 натпревари. Тргнаа со Канада (3:0), потоа следуваа Австралија (3:0), Египет (3:1), Русија (3:0), Иран (3:1), Аргентина (3:0), САД (3:0), Тунис (3:0), Полска (3:2), Јапонија (3:1) и денеска Италија.

Токму Полска, која им пружа најголем отпор, заврши втора, додека на третото место се САД.

Конечен пласман:
1. Бразил 32
2. Полска 28
3. САД 27
4. Јапонија 22
5. Аргентина 19
6. Русија 15
7. Италија 14
8. Иран 12
9. Канада 12
10. Египет 8
11. Австралија 5
12. Тунис 4

Коментирај