Бразил го отпушти селекторот поради лошите резултати

Макфакс/Кајгана
/ 07.01.2024 / 12:16

Фудбалската федерација на Бразил одлучи да му врачи отказ на привремениот селектор Фернанду Динис.

Бразил е во криза, репрезентацијата одигра девет натпревари, на кои забележа пет порази, а победи на само три од нив.

Три од поразите беа во квалификациите за Мундијалот 2026 и тоа од Уругвај, Колумбија и Аргентина.

Динис уште го седна на селекторското место беше назначен како привремено решение со едногодишен договор, односно в.д, селектор. Договорот му беше до лето.

Селекторската функција ја напушта како трет најнеуспешен кој ја водел репрезентацијата на повеќе од пет натпревари. Емерсон Леау (2001) и Шику Нету (1923) беа полоши од него.

Динис истовремено беше и тренер на Флуминенсе, со кој прво го освои Кариока првенството, а потоа ја освои и Копа Либертадорес. На клупскиот Мундијал загуби во финалето од Манчестер Сити. Динис стана препознатлив по стилот на игра налик на тики-така што го практикуваше, по што и го доби прекарот бразлскиот Гуардиола, а неговиот стил на игра го нарекоа динисизмо.

Ќе остане запишано дека со него на клупата Бразил доживеа квалификациски пораз на домашен терен по 37 натпревари.

Исто така, тој го има најлошиот скор во историјата на мундијалските квалификациите по шест одиграни кола.

Според лоокалните медиуми, првиот човек на Бразилската фудбалска федерација, Едналду Родригис, телефонски му меѓу редови му соопштил на Динис дека ќе добие отказ.

Наголемо се шпекулираше дека Карло Анчелоти на лето ќе седне на клупата на Бразил, но неодамна тој објави дека ќе замине во пензија откако ќе го напушти Реал Мадрид.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Фудбал

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Read more

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Read more

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Read more

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Читај повеќе

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Читај повеќе

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Читај повеќе
  • play_arrow

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Читај повеќе
  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе