Бразилски навивач преживеа пад од трибина висока 12 метри
Навивач на Сау Паулу падна од трибина висока 12 метри и преживеа поткако падот му го ублажија двајца други навивачи врз кои слета.
Бразилецот идентификуван како 23-годишниот Лагу џи Мелу Риос беше на третиот спрат на стадионот „Морумби“ каде неговиот Сау Паулу играше против Гремиу во бразилското првенство. При обид да се качи на оградата, навивачот падна од височина од 12 метри слетувајќи врз друг навивач и 13-годишно девојче. За среќа сите тројца минале без сериозни повреди.
Натпреварот заврши без голови.