„Breaking Bad“: Netflix објави тизер за филмот „El Camino“
Со месеци се најавува снимањето и премиерата на продолжението на серијата „Breaking Bad“, обработено во филм. Сега е објавен првиот тизер кој дава увид во филмското остварување со наслов „El Camino“.
Филмот е проект на Netflix, а тизерот е објавен со насловот „El Camino: A Breaking Bad Movie“. Премиерата е закажана за 11 октомври. Арон Пол се враќа како Џеси Пинкмен, а сценариото е според креаторот на серијата, Винс Гилиган.