Филм & ТВ

Бред и Анџелина уште не се разведени – никако да се договорат што да прават со замокот во Франција

10. октомври 2019 - 20:54 | А.С.

Бред Пит и Анџелина Џоли уште не се официјално разведени, иако се раделени веќе три години.

Поранешната холивудска двојка не може да се договори што да се прави со замокот и винарија што заедно го купија во Франција.

Пред три години Анџелина Џоли одлучи да се разведе од Бред Пит откако тој наводно влегол во сериозна расправија со нивниот најстар син Медокс Џоли-Пит.

Немилиот настан ги залади односите во семејството и двајцата партнери решија дека е најдобро секој да тргне по свој пат.

Иако е јасно дека нема да има смирување на славната двојка што заедно има шест деца, јавноста е зачудена како Џоли и Пит уште не се официјално разведени.

Двајцата наводно не може да се договорат што да прават со замокот што го купија во 2011 година.

Во 2016 година Пит и Џоли конечно постигнаа договор за старателството на нивните шест деца. Старателството целосно ќе биде на Џоли, а Пит ќе продолжи да има посети на децата, придружувани од психолог.

Анџелина Џоли во септември поднесе барање за развод, наведувајќи ја причината „непремостливи разлики“. Во барањето, Џоли (44) побарала целосно старателство над нивните шест деца, со можност за посети од страна на Пит (55).

Коментирај